fbpx

Корона вирусот не донесе ништо невообичаено на небото над Куманово

-

Насловот „(ВИДЕО) Корона вирусот на небото над Куманово донел необична појава: Луѓето нагаѓаат за што станува збор!“ е сензационалистички и дезинформира, бидејќи корона вирусот не донел никаква необична појава на небото над Куманово, пишува „КриТинк“.

Станува збор за лентикуларен облак, кој не е поврзан со корона вирусот, туку ваквиот тип на облаци постоеле и пред пандемијата.Лентикуларниот облак на небо се поврзува со наводно „некакви чудни појави“, иако вистината е дека овие облаци се создаваат во тропосферата, кога ветрови дуваат низ ридови и планини од ист или сличен правец.

Ваков облак освен на небото над Куманово беше забележан и над Водно, а според астрономите, станува збор за ретка атмосферска појава, која во никој случај не е поврзана со корона вирусот.

Сѐ што на луѓето им изгледа невообичаено, не е повод за текст, и не сѐ што е невообичаено треба да се поврзе со корона вирусот, бидејќи облакот и пандемијата немаат никаква поврзаност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...