fbpx

Компаниите во индустриските зони вработуваат 14.067 лица, за 0,6 отсто повеќе од 2019

-

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ДТИРЗ) информира дека и во услови на пандемија, компаниите што работат во зоните го зголемиле бројот на вработените. Во моментов кај нив се ангажирани 14.067 лица, што е зголемување за најмалку 0,6 отсто во однос на 2019 година. Според договорите, овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места најдоцна до 2025 година. Досега се пополнети 66 отсто.

Според Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ, се развива и посебна мерка за поттикнување на динамиката на вработувања и зголемување на платите за 30 до 50 проценти до 2024 година.

По регистрираниот пад на извозот од 91 отсто во април 2020 година, компаниите од зоните ја завршија ланската година со кумулативен пад на извозот од 8 отсто, а за цела 2020 година оствариле извоз од 2,6 милијарди евра, додека увозот изнесува 2,2 милијарди евра и има пад од 14 проценти. Истовремено, досега имаат и над 86 отсто реализација на плановите за инвестиции, односно реализирани се 305 милиони од предвидените 350 милиони евра според потпишаните договори.

За 2021 година, ДТИРЗ најавува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони, кој за првпат е изготвена во соработка со корисниците и според нивните потреби. Акцент ќе се стави на инвеститори со повисок квалитет, односно проекти со поголема додадена вредност, што ќе се преслика во поголеми приливи во буџетот, како и нов концепт на профилирање на секој потенцијален инвеститор, што ќе помогне во креирање на индивидуална (tailor made) понуда за државна поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...