fbpx

Кого сѐ може да иритира македонскиот премиер Заев за една минута?

-

Во време кога македонската јавност сметаше дека аферата „Рекет“ во која на видеата објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“ се сугерира корупција на на високо ниво за влијание врз обвинители и судии во која е вклучен еден контроверзен селебрити, ќе се чуе и можеби и гласот на премиерот Заев, тоа не се случи, туку тој самиот си ја искомплицира ситуацијата.

Заев, во првата прилика по објавата на видеата, успеа да даде една од политички најнекоректните изјави и за неполна минута ги навреди и хомосексуалците и новинарите, со изјавата „нема да дозволам криминалци, еден суетен новинар и еден педер, да ја симнат оваа влада“, па потоа кога тоа се обиде да се објаснува на Твитер што мислел уште повеќе се заплетка велејќи дека зборот „педер“ го употребил за да опише „карактерна особина, а не сексуална припадност.

Користењето на зборовите „суетен новинар“ и „педер“ ги кренаа на нозе новинарските здруженија и борците за правата на ЛГБТИ заедницата, но и граѓанските организации воопшто, кои во употребата на зборовите од страна на Заев видоа не само погрдно обраќање кон хомосексуалците и новинарите, туку  и ширење говор на омраза.

Граѓанските организации остро ја осудија „скандалозната, недолична, хомофобна“ изјава на Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта и го прашаа „дали досегашните заложби за унапредување на ЛГБТИ правата се навистина суштински или се само декларативни и формални“.

Заев потоа се обиде да се дообјаснува преку разговор за државната новинска агенција МИА, но ја повтори пораката дека, нема да дозволи криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата.

За квалификациите „криминалци, педери, суетни и идиоти“, Заев вели дека тој и Владата цврсто стојат на определбата за одбрана на слободата на изразувањето, слободата на медиумите и во одбрана на човековите права на сите, вклучително и ЛГБТИ заедницата.

Впечатокот е дека наместо да се дообјаснува поедноставно ќе беше да каже само
„Се извинувам, згрешив“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...