fbpx

Клиничката болница од Тетово ги отфрли обвинувањата од СДСМ

-

Благодарение на политиките на Владата и на Министерството за здравство, во последните неколку години направени се значајни чекори за подобрување на квалитетот на здравствената заштита и на здравствените услуги во Клиничка болница Тетово, се вели во писмената реакција на болницата по одржаната прес-конференција на СДСМ Тетово.

„На најтранспарентен начин, во согласност со Законот за јавни набавки, набавена е следната медицинска опрема: најмодерен компјутерски томограф, најсовремен апарат за магнетна резонанца, дигитален рентген-апарат, ангиограф за изведување сложени медицински процедури (коронарографија), кардиографски тридимензионален ехо-апарат, гинеколошки четиридимензионален ехо-апарат за најсовремено следење на развојот на бременоста, најсовремена апаратура за оперирање по фако-метод, дензитометар за рана дијагностика на остеопороза, мамограф, гастроскоп, колоноскоп, најсовремени инкубатори, ЕКГ-апарати“, пишува во соопштението на Клиничката болница Тетово.

Од болницата велат дека поради објективни причини, односно поради штетите предизвикани од поплавата, не е во фунција мамографот и апаратот за магнетна резонанца, но дека во тек се поправки и дека во најкраток можен рок тие нормално ќе функционираат.

Попладнево од СДСМ Тетово на прес-конференција обвинија дека во Клиничката болница во Тетово недостигаат санитарни јазли, а постојните се во катастрофална состојба и претставуваат опасност од ширење на заразни болести.

Партијата обвини дека во болницата нема ниту апарат за мамографија, па пациентите биле принудени да се снимаат приватно или во Клиничкиот центар во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...