fbpx

Ванхауте не е оптимист, ама се надева на напредок во преговорите за медиумите

-

Се надевам на решение, но не сум оптимист, изјави белгискиот олеснувач Питер Ванхуате пред почетокот на средбата на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во Клубот на пратеници.

– Ќе разговараме за сите предлози од политичките партии, новинарските здруженија и од организациите. Свесен сум дека има малку време, но ќе дадеме сè од себе да го затвориме и ова прашање – изјави Ванхауте.

Попладнево на средбата во Клубот на пратеници треба да пристигнат и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав за дополнителен притисок за решавање на ова прашање до петок, кој е последен датум предвиден за постигнување договор во медумската сфера.

Засега ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да се преземе кој било европски закон и да се имплементира во македонското законодавство, додека СДСМ и ЗНМ го прифаќаат предлогот на Ванхауте.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...