fbpx

Турција бара сојузници за копнена офанзива во Сирија

-

Турските власти денеска соопштија дека Анкара се залага за меѓународна копнена офанзива против Исламска држава во Сирија, но дека сама нема да преземе такви мерки.

Претставник, кој не сакал да биде именуван, на новинарите во Истанбул им рекол дека „без копнени операции е невозможно да се запрат судирите во Сирија“ и оти Турција го покренала прашањето на неодамнешните разговори со американски и со други западни претставници.

Тој ја исклучил можноста Турција да преземе некакви унилатерални копнени акции, како и можноста за заеднички турско-саудиски потфати без широк консензус на меѓународната коалиција што се бори против Исламска држава.

Коалициските сили, составени од Турција, САД, Велика Британија, Франција, Саудиска Арабија и од Обединетите Арапски Емирати, засега со воздушни напади ја помагаат борбата против Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...