fbpx

Кери и Лавров постигнале прелиминарен договор за прекин на огнот во Сирија

-

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска изјави дека со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, успеале да постигнат прелиминарен договор за прекин на огнот во Сирија.

Кери, како што пренесуваат агенциите, навел дека со Лавров зборувал утрово и изразил надеж дека претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, ќе остварат разговор во текот на наредните денови и ќе го потврдат тоа што прелиминарно е договорено.

„Постигнавме прелиминарен договор околу условите за прекин на судирите, кој би можел да стапи на сила во наредните неколку дена“, изјавил Кери на прес-конференцијата во Аман, со јорданскиот министер за надворешни работи, Насер Џудех.

Американскиот државен секретар рекол дека двете страни сè уште ги договараат деталите околу договорот, додавајќи дека се „блиску до прекин на огнот за разлика од претходно“.

Пред евентуалното стапување на сила на договорот, Русија треба да разговара со сириската влада и со Иран, а САД со сириската опозиција и со своите партнери.

Разговорот меѓу Кери и Лавров го потврдило и руското министерство за надворешни работи. Оттаму соопштиле дека двајцата разговарале за условите за прекин на огнот во Сирија, од кој би биле исклучени операциите против организации што Советот за безбедност на Обединетите нации ги смета за терористички организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...