fbpx

Камерон најави остри мерки против Русија

-

Велика Британија ќе преземе остри мерки против Русија по објавените резултати од истрагата за смртта на Александар Литвиненко, соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британските истражувачи во извештајот заклучиле дека убиството на поранешниот шпион Литвиненко, кој е отруен со радиоактивен полониум-210 во Лондон во 2006 година, веројатно го „одобрил“ рускиот претседател Владимир Путин.

Камерон го оквалификува убиството како „апсолутно застрашувачко“ и нагласи дека истрагата го „потврди тоа за кое се верувало“.

Русија целата британска истрага ја нарече „апсурдна“. Портпаролот на британскиот премиер рече дека британската влада ги примила резултатите „крајно сериозно“ и нагласи дека е особено вознемирувачки тоа што убиството го одобриле највисоките инстанци на руската држава.

– Тоа не е начин на кој која било држава, а не па постојана членка на Советот за безбедност на ОН, треба да се однесува. За жал, овие наоди го потврдуваат тоа во што претходните влади веруваа – соопшти портпаролот на британскиот премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...