Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, денеска предупреди дека излегувањето на земјата од Европската Унија ја зголемува опасноста за војна во Европа и оти државата ќе плати голема цена ако ѝ заврти грб на 28-члената унија.
Говорот на Камерон беше дел од националната кампања во пресрет на референдумот за останување или излегување од ЕУ, која влегува во последните недели.
Премиерот рекол дека историјата покажала дека Британија не може да стои настрана кога Европа влегува во судир.
– Изолационизмот никогаш не ѝ користел на оваа земја – рече Камерон.
Тврдејќи дека мирот може да биде загрозен, британскиот премиер рече дека ЕУ помогнала да се смират земјите кои со децении биле во судири.
– Британија има основен национален интерес во одржување на заедничката цел во Европа, а тоа е да се избегнат идните судири меѓу европските земји – рече Камерон.
Референдумот во Британија е закажан за 23 јуни.