fbpx

Камчев ја повлече тужбата за Кичеец, расправии на денешното рочиште со Катица Јанева и Бојан Јовановски

-

Во Основниот граѓански суд Скопје денеска се одвиваше судско рочиште по поднесената тужба на Орце Камчев против Бојан Јовановски (Боки-13), Катица Јанева, згаснатото СЈО, редовното обвинителство и државата. Камчев бара отштета од 1,5 милиони евра, односно си ги бара назад парите од 1,5 милион евра кои ги дал на Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, кои се веќе осудени во случајот „Рекет“. На рочиштето денеска тој ја повлече тужбата против третоосомничениот Зоран Милески-Кичеец.

„Од тужителот биле изнудувани на повеќе средби, прво да плати реклами во тогашната „1TВ“, да финансира изградба на шопинг молови, да финансира изградба на старечки домови. Кога тужителот ги одбил сите овие понуди, настапува второтужената Катица Јанева со јавно обзнанување на предметот и изрекување на мерка притвор“, изјави адвокатот на Орце Камчев, Александар Михајловски.

На денешното рочиште, Бојан Јовановски го прашуваше Камчев дали го познава Зоран Заев, на што бизнисменот одговори дека имал средба со Заев на која разговарал за рекетот што го правел Бојан Јовановски преку „1ТВ“ и неговата организација Меѓународен сојуз. Камчев рече дека на средбата со експремиерот немало други лица.

„Мотивот беше да биде информиран дека тоа што се случува, дека јас и група бизнисмени сме принудени да се рекламираме и ни се нудат фиктивни проекти. Јас кај Заев не бев да пријавувам, туку да укажам на работи. Првин се сретнав со Заев, тоа беше средба пред пријавата“, рече Камчев.

Судијата Андреј Димовски кој го води процесот денеска го праша и бизнисменот Орце Камчев дали знае дека рекетот е кривично дело и ако ги плати тие 1,5 милион евра, укажувајќи му на бизнисменот дека можел да ја одбие понудата.

„Јас ги исплатив паричните средства, 1,5 милион евра, за да имам доказ, потоа да го документирам случајот и напоменувам дека во периодот кога беа исплатени парите јас бев во притвор и немав можност да се одбранам“, изјави Камчев.

На денешното рочиште, и поранешната претседателка на СЈО, Катица Јанева го прашуваше Орце Камчев во однос на испитувањата што ги правело СЈО кон него.

„Кога првпат доби покана од СЈО да даде исказ и во кое својство“, праша Катица Јанева, на што Камчев одговори дека ниту еднаш од трите пати кога бил спроведен од истражното одделение во СЈО не добил покана.

„Првиот пат бев однесен во работни часови, а вториот и третиот пат во доцни попладневни часови“, изјави Камчев, дополнувајќи дека првиот пат бил однесен кај Лиле Стефанова и кај истражител, додека вториот и третиот пат биле присутни Лиле Стефанова и Катица Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...