fbpx

Како „Курир“, „БХДИјаспора“ и Русинот Черниговски го излекуваа ракот со постење од вистината

-

Со само една статија објавена завчера на еден сајт од Северна Македонија, беа прекршени неколку правила на новинарската професија, но истовремено и се потврди дека во дигиталното доба е многу лесно да се прошират дезинформации, иако во исто време на располагање се сите алатки за да се провери дали нешто што се објавува е вистина или само нечија „објава“. Посебно што станува збор за новинарски текст што се заснова на нечие тврдење објавено на Фејсбук, преведено и „пуштено во промет“.

Притоа нема никакви знаци и докази дека тврдењата се проверени за вистиност, што е обврска на медиумот. Наместо да се направи тоа, во случаите наведени подолу, гледаме дека овој Фејсбук-пост експресно бргу се презема и шири на балканскиот простор.

Статијата „Во исламските земји, ракот не се смета за сериозна болест: Еве како го лекуваат“ објавена на 21 септември 2019 година на македонскиот новински сајт „Курир“, изнесува неколку тврдења:
-Дека во исламските земји ракот бргу, едноставно и економично се лекува;
-Дека жителите на тие земји не се плашат од него, оти не бил сериозна болест и лесно и бесплатно се победувал;
-Дека тоа може да се направи со пост од третина или половина од денот.
-Втората опција би биле „посните денови“, односно внесување на максимално 500 калории на ден или потполно исфрлање на појадокот и ручекот.

Со тоа, како што пренесува „Курир“ од Фејсбук статусот на некојси Александар Черниговски, напишан на руски јазик, потоа преземен од Курир, а потоа и од „БХДИјаспора.нет“, се постигнувало „да ја одржите нормалната телесна тежина и спречува развој на дијабетес, канцер, Алцхајмерова болест како и болести на кардиоваскуларниот систем.

„Тајната лежи во тоа што повременото одбивање на храна му овозможува на телото да произведе подобар одговор на стресот, да ги запре воспалителните процеси и да ги уништи туморите кои најчесто настануваат од исхраната, како и да ја забрза елиминацијата на оштетените и заболени клетки“, се објаснува понатаму.

Основната логика вели дека ако навистина така се лекувал ракот – значи, без потреба од какви било лекови и без трошоци – напротив, треба само да не јадете, односно да не трошите пари за храна, и да пиете вода – воопшто никој не би се плашел од ракот и лесно би го победувал, бидејќи во денешното време на интернет, не само исламските земји, туку и целиот свет би дознале за него, би ја практикувале ваквата терапија и никој не би страдал со месеци и години и не би умирал од рак.

Како што веќе кажавме горе, овој текст како белешка е објавен на Фејсбук-профилот на некојси Александар Черниговски (Николаевич), кој, како што може да се види од јавните објави, претежно постира хумористични постови. Текстот, во кој се споменува универзитетот во Алжир и студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences, едноставно делува како странец на овој профил, кој инаку е регистриран на Фејсбук-адреса со презиме Сподаренко.

Во постот нема линкови до тврдењата, нема ниту вистински опис на тоа што се тие тврдења, односно „научни сознанија“. Од македонскиот „Курир“ тој текст се преведува и некритички се објавува, а потоа истиот текст го објавува и сајтот BHDijaspora.net речиси буквално, што е помалку и смешно, оти станува збор за сајт што обединува луѓе од БиХ, каде голем дел од населението е од исламска вероисповед, па ако ги земеме предвидтврдењата дека во исламските земји се крие тајната на лекување на ракот, текстот е беспредметен, оти сака да ги „информира“ своите читатели за лек што им е познат на муслиманите, бидејќи тие секако комуницираа со луѓе од исламските земји.

Сепак, обидувајќи се да ги провериме тврдењата дека „универзитетот во Алжир“ потврдил, иако ваквата дефинција е премногу општа, односно оваа земја oд повеќе од 42 милиони население има 130 универзитети и самостојни факултети, не успеавме да го најдеме солидна поткрепа на таквото тврдење, односно објавена студија од научници од некој признат универзитет во Алжир.

Во лов на што повеќе читања на содржината, текстот на Курир од 21 септември годинава, два дена подоцна, на 23 септември, е преземен и од BHDijaspora.net, што е уште една потврда дека јазиците на просторите на екс-Југославија, многу блиски по природа, овозможуваат лесно преведување (некогаш и со помош на Google Translate) на содржини за кои авторите се надеваат дека ќе им донесат повеќе посети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...