fbpx

„Арчелор Митал“ го предизвикал загадувањето и излевањето рѓосана вода во Вардар

-

Дефект на постројките на „Арчелор Митал“ во кругот на скопска „Железарница“ се причина за загадувањето на Вардар во неделата, известија од Државниот инспекторат за животна средина. Според соопштението до јавноста, вчера Државниот инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор над три стопански субјекта што се сместени во некогашната Железарница – „Макстил“, „ЕСМ-Подружница енергетика“ и „Арчелор Митал“.

Вчера попладне „Арчелор Митал“, фирма неодамна превземена од „Либерти Хаус Груп“, писмено го известила Државниот Инспекторат дека еколошкиот инцидент-излевањето на отпадна индустриска вода во Вардар на 22 септември, кое предизвикало помор на риба, бил предизвикан од нивна страна. Причината била пукната када од која се излеало поголемо количество отпадна вода која содржела железо и киселина, без соодветно да биде третирана во системот за отпадна вода.

Испекторатот најави дека во овој случај ќе постапи во склад со законските одредби и дека за тоа јавноста ќе биде навреме известена. Според важечките закони од областа на заштитата на животната средина на прекршителите им се закануваат казни и до 100 илјади евра за правниот субјект, како и до 30 илјади евра за раководното лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...