fbpx
Таг: загадување на води

таг: загадување на води

ЈП Дрисла одбива да го потпише записникот за загадувањето на Маркова река

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против ЈП Дрисла Скопје и против управителот пред Основниот кривичен суд во Скопје, затоа што од претпријатието одбиваат да го потпишат Записникот за спогодба, по извршениот вонреден надзор, информираа од Владата. Инаку, ЈП Дрисла Скопје се соочува со казна од 110 илјади до 120 илјади евра,...

Скопската пречистителна станица не се гради, се чека Градот Скопје да си ги заврши обврските

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје веќе требаше да започне, рокот е веќе изминат, но за да се случи ова, Градот Скопје треба да си ги исполни своите обврски, вели за Мета.мк министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервјуто што ќе го емитуваме утре. „Треба да се завршат уште две активности за да...

Езерото и реката Треска денес – грозотии од расфрлано ѓубре и разурнати објекти [фото]

Никогаш погрозно и потажно во историјата не излегале реката и езерото Треска. Десетина диви депонии по крајбрежјето на реката Треска околу селата Сарај и Шишево ги загадуваат речните води со најразновиден отпад, додека рушевините од некогашните објекти на езерото Треска до денешен ден го гнасат локалитетот којшто е испразнет од посетители. Само залутани странци кои одат кон Матка и...

Шукова: Пречистителната станица против шестовалентниот хром во „Југохром“ мора да функционира

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари средба со вработените од пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром лоцирана во фабриката „Југохром“. „Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна...

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои требаше да бидат потпишани од...

Наместо договор, догодина нов тендер за изградба на пречистителните станици во Битола и Тетово

Наместо потпишување на договорите со најповолните понудувачи и почеток на изградбата, ревидирање на техничката и тендерската документација и распишување на нов меѓународен тендер. Ова е неславниот епилог од проектите за изведба на пречистителните станици за отпадни води во Битола и Тетово, за кои пролетва од централната власт беше најавено дека до крајот на 2021 година ќе се потпишат договорите...

Никако да започне чистењето на дивите и општинските депонии во Источниот и Североисточниот регион

Од март преку април до септември. Ова беа досегашните ветувања за почеток на чистењето на дивите и општинските депонии што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион. И по поминати неколку месеци, од Министерството за животна средина и просторно планирање нема прецизна информација за тоа кога официјално ќе почне затворањето на општинските депонии во 18-те општини од двата...

Лани загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина [инфографик]

Во Македонија лани е забележано загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина. Во развиените земји, надминувањето на загадувањето се решава по принципот „загадувачот плаќа“, што повлекува со себе подмирување на трошоците за заштита на животната средина, кои треба да ги сноси правното или физичкото лице кое го врши самото загадување на почвите, водите, воздухот, шумите или пак...

Чистењето на расфрланиот отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе започне во септември

По неколку одложувања на почетокот на работите, во септември треба да започне чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментов се вршат подготвителните активности за расчистувањето на отпадот и рекултивација на локациите, додека целокупниот проект е предвидено да...

ДИЖС со 20.000 евра казна за компанија што испуштила мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. „За правното лице е изречена казна од 20.000...

Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]

Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да се испуштат во реките,...

Две третини од фекалиите што го создаваме и понатаму завршуваат непречистени во реките и подземните води [инфографик]

Во 2020 година немало напредок во делот на заштитата на водите во земјава од урбаните отпадни води. Две третини од фекалиите што се создаваат во населените места и понатаму завршуваат во реките и подземните води, без притоа да се пречистат. Поголеми пречистителни станици за отпадни води минатата година не профункционираа низ градовите во земјава, па така податоците на Државниот...

Фекални и индустриски води загадиле канал за атмосферска вода во Гази Баба и Илинден

Фекална канализација и отпадна вода од осум фирми завршувала во канал за атмосферска вода што минува низ Општините Гази Баба и Илинден. Државниот инспекторат за животна средина, заедно со локални инспектори реагирале на пријава на граѓани за непријатна миризба и обоена вода во каналот во селото Марино и откриле дека сета фекална вода, која се собира од домаќинствата непрочистена...

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат [инфографик]

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава. Овој загрижувачки податок од Годишниот извештај...

МВР со кривични пријави за две лица од Велешта: Узурпирале државен имот, палеле трски и го загадиле Охридското езеро

Узурпирале државен имот, палеле трски во езерото и со насипување на градежен шут и земја ги загадиле водите на Охридското езеро. Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави против две лица од струшкото село Велешта. Тие се обвинети за кривичните дела „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.К.(42) и...

ДИЖС бара истрага за „темната супстанца“ поради која угина живиот свет во Дебарското Езеро

дебарско езеро
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својата Фејсбук страница објави дека, на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар доставил информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвикала угинување на живиот свет во езерските води. Додаваат дека, со цел навремено да се обезбеди доказен материјал, инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Тендерската постапка која...

Анкета на ИКС: Граѓаните свесни дека се најголем загадувач на водите, но се неинформирани за нивна заштита

Дури 42 отсто од испитаниците на анкетата на Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбистри сè“ сметаат дека самите тие се најголем загадувач на водите во Македонија. Една третина од анкетираните или 33 отсто сметаат дека преработувачката индустрија е најголем загадувач на водите, додека 10 отсто мислат дека тоа се рударските капацитети. Сепак, анкетата на национално ниво покажува...

Фактоје: Охридското езеро и 15 годишниот договор на Албанија со РСМ што не успеа да го запре загадувањето

Албанскиот портал Фактоје објави опширен напис за договорот меѓу Албанија и Северна Македонија од пред 15 години, кој имаше за цел зачувување и спречување на загадувањето на водата во Охридското езеро. Истражувањето на Фактоје и набљудувањето на терен, покажа дека од албанската страна на езерото, загадувањето не е запрено. Во езерото продолжува да се влева канализацијата, рударскиот и урбаниот...

Казните за загадување на животната средина се зголемуваат до 20 пати

Се зголемуваат казните за загадување на животната средина. Владата на вчерашната 19-та седница усвои предлог-законско решение за измени во Законот за прекршоци со кое се зголемуваат глобите до 20 пати од сегашните, за прекршоци во областа на животната средина кои се предвидени во законите кои ја регулираат заштитата на природата, водата, воздухот, третманот на отпадот и други области од...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...