fbpx

Јужното струење предизвика надминување на максималната дневна температура

-

Сонцето и топлиот ветер од јужен правец донесоа високи вредности на дневната температура низ цела Македонија, која во Скопје достигна и до 24 Целзиусови степени, невообичаено за средината на февруари. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека ова се должи на повеќедневен период на јужно струење, кое донесе топол воздух од Медитеранот.

– Во текот на денешниот ден дува јужен ветер, кој во јужните делови од земјава е засилен, а во околината на Штип достигнува и брзина до 90 километри на час. Во текот на попладневните часови, ветерот е позасилен и во Скопската Котлина. Ветерот ќе стивнува во текот на ноќта, но утре повторно ќе преовладува повремен до засилен ветер од јужен правец. Ова се должи на повеќедневен период на јужно или западно струење, кое ќе продолжи и во текот на следните денови. Ова струење донесе топол воздух од Медитеранот. Денеска во повеќе градови беше надмината дневната максимална температура. Во Скопје беа измерени 24 Целзиусови степени. Вакво време ќе потрае до четврток, кога се очекува влажен бран и врнежи од дожд, кои ќе предизвикаат намалување на температурата – вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар од УХМР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...