fbpx

Јункер: Заканите на Турција нема да имаат ефект

-

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека заканите на Турција кон ЕУ нема да имаат ефект и ја повика Анкара да го испочитува својот дел од договорот со ЕУ, кој се однесува на спречување на приливот на мигранти.

– Очекуваме Турција да ги почитува своите обврски. Заканите не се најдобар дипломатски инструмент, кој може да се употреби. Затоа би требало да престане да ги користи, бидејќи тие нема да имаат никаков ефект, рече претседателот на Европската комисија.

Јункер повтори дека Турција ќе мора да ја стесни дефиницијата за тероризам и да ги измени строгите закони за антитероризам, доколку сака да добие визна либерализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...