Јоханес Хан со писмо до четворицата лидери: Седнете и договорете се

-

Eврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, испратил писмо до лидерите на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, дознава „Алсат-М“.

Според дипломатски извори, меѓународниот фактор инсистира на нова средба откако потфрли состанокот во Виена.

„Страните повторно да почнат дијалог и неопходно е да најдат компромисно решение. Да се спроведат сите реформи, да се прочисти избирачкиот список заедно со реформите во медиумите. Изборите неопходно е да бидат сеопфатни…“, е содржината на писмото од Брисел испратено преку амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Политичките партии, за телевизијата, не ја коментираат содржината на писмото на комесарот, кој побарал и омекнување на ставовите и компромис за излез од политичката криза.

Тие не негираат дека добиле вакво писмо, иако велат дека тоа било адресирано до оние субјекти кои отстапиле од политичкиот договор, а за што се обвинуваат меѓу себе.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...