Емануел Макрон: Со задоволство наскоро ќе дојдам во Северна Македонија

-

Со задоволство наскоро ќе дојдам во Северна Македонија, штом ми дозволи агендата, на датум што заеднички ќе го утврдиме како соодветен во поглед на политичката агенда. Oва, во писмо испратено до претседателот Стево Пендаровски, го напишал неговиот колега од Франција, Емануел Макрон. Тој вели дека нашата земја може да смета на неговата целосна и континуирана поддршка во текот на пристапните преговори.

„Ја користам оваа прилика да Ви ги упатам моите најискрени желби за вас и за Вашата земја и да ѝ посакам на Северна Македонија година на хармонија и натамошен напредок на нејзиниот европски пат. Ви честитам за напредокот постигнат во изминатата година. Одржувањето на првата меѓувладина конференција за пристапување на 19 јули беше голем чекор за Северна Македонија. Го поздравувам и потпишувањето на 26 октомври на договорот Фронтекс со Европската Унија, со кој се признава македонскиот јазик, спомнат без забелешки, што покажува дека постигнатиот компромисен предлог целосно го почитува унитарниот карактер на македонскиот идентитет“, наведено е во писмото од Макрон.

Тој потсетува дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји пред триесетина години, Франција секогаш била присутна во клучните моменти од историјата на Македонија.

„Тоа се случи преку Роберт Бадентер, кој учествуваше во изготвувањето на вашиот Устав, со работата на француските дипломати и војници кои помогнаа да се спречи избувнување граѓанска војна во раните 2000-ти и помош да се склучи Охридскиот договор, и најпосле, во решавањето на вашиот спор со Бугарија“, пишува во писмото.

 

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...