fbpx

Јапонија ќе даде пари за бегалците, но нема да ги прими

-

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска во седиштето на Обединетите нации изјави дека неговата земја за помош на бегалците ќе издвои 1,6 милијарди долари, но оти наскоро не планира да прими бегалци.

Уште во воведот на својот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Абе истакна дека Јапонија планира само финансиски да помогне во справувањето со бегалската криза. Во последните години оваа далекуисточна земја прими само 11 од 5.000 азиланти што поднеле барање.

– Во моментов имаме премногу свои проблеми, така што не сме во можност да примиме какви било бегалци. Пред сè, мораме да ја зголемиме стапката на наталитет во сопствената држава – рече Абе.

Јапонскиот премиер додаде дека парите кои владата на неговата земја ќе ги издвои, ќе бидат насочени кон „корените на кризата“. Поради тоа голем дел од средствата ќе бидат насочени кон образовните проекти, затоа што јапонските власти сметаат дека судирите во Сирија и во Ирак настануваат поради „неинформираност на жителите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...