fbpx

Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Признанието на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ се доделува по повод 50 години од неговото постоење, особено за неговите исклучителни резултати во успешното презентирање, негување и во промовирање на македонското драмско творештво, а со тоа и афирмација на Република Македонија во светот.

Претседателот Иванов ќе го додели признанието во рамки на свеченото отворање на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.