среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: признание | 36 резултати

Објавен е повикот за признанието „Успешни млади“ за 2022 година

август 21, 2023

Од денеска е отворен повикот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија велат дека продолжуваат со имплементација на овој проект со којшто се доделува признание во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на […]

Влада Урошевиќ добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата

март 21, 2023

Македонскиот поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач, академик Влада Урошевиќ е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, објави претседателката на Управниот одбор, Елизабета Шелева. Урошевиќ е третиот по ред македонски автор кој го добива Златниот венец, по Блаже Конески во 1981 и Матеја Матевски во 2011 година. Урошевиќ се заблагодари […]

Продолжен рокот за пријавување за признанието „Успешни млади“

септември 27, 2022

Рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ продолжен до 14 октомври 2022 година, информираат денес од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. Признанието се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на […]

Објавен повикот за признанието „Успешни млади“ за 2021 година

август 4, 2022

Објавен е Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година – проект на Претседателот на Република Северна Македонија, кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од земјава, како и за создавање на перспективи за младите и […]

Отворен конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда“

јануари 10, 2022

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација и издавачка куќа, „Македонија презент“ од Скопје го објави конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда“ за најдобра објавена книга во 2021 година. Оваа награда што е во вид на плакета се доделува за иновативна, експериментална и креативна книга. Сите лица кои се заинтересирани за учество потребно е […]

Културен настан во Тетово во чест на уметникот Павле Кузмановски

октомври 12, 2021

Доделувањето на највисоката национална награда за животно дело „11 Октомври“ на академскиот сликар Павле Кузмановски, беше одбележано со културен настан во негова чест во Тетово. Организаторот на настанот, Даријан Сотировски со кратко обраќање му се заблагодари на Кузмановски за неговата дејност и дело поканувајќи го да одржи говор. „Како млад човек во ова општество сведочам […]

Пендаровски за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници

декември 23, 2020

Претседателот Стево Пендаровски денеска за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава. Во своето обраќање тој изрази уверување дека преку оваа иницијатива ќе се придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја […]

Инфективното одделение од Штип предложено за општинското признание „8 Ноември“

ноември 3, 2020

На седницата на Советот на општина Штип, во петок (06 ноември) ќе се најдат предлозите за највисокото општинско признание, по повод 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Штип. Интензивната работа во изминатите осум месеци од појавата на епидемијата на ковид–19 како единствен голем ковид центар во Источниот регион, Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип […]

Доделени признанијата за најдобри просветни работници во учебната 2019/2020 година

октомври 15, 2020

Професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка, Марјан Радески од Охрид и педагогот Маринела Бошева од Скопје го добија признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 година. Тие денеска се сретнаа со министерката за образование и наука, Мила Царовска која им ги додели признанијата. „Ви посакувам да бидете инспирација на уште […]

Почесен црн појас за амбасадорката на Јапонија од македонската џудо федерација

октомври 7, 2020

Џудо федерацијата на Република Северна Македонија ѝ додели почесен црн појас – 1 дан на амбасадорката на Јапонија во Македoнија, Кеико Ханеда, јави ipon.mk. Церемонијaта на предавањето на почесната награда се одржа вчера во службените простории на амбасадата. Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ги предаде делегација предводена од претседателот Владимир […]

Објавен повикот за пријави за признанието „Успешни млади“ што го доделува Претседателот на РСМ

јули 23, 2020

До 18 септември годинава ќе биде отворен повикот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019 година, што го доделува Претседателот на Република Северна Македонија. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум категории и тоа, најдобар/а млад/а научник/чка […]

Штип постхумно го одликува првиот македонски премиер – сограѓанинот Кљусев

декември 16, 2019

На 19-ти декември, семејството на првиот претседател на експертската влада во самостојна Македонија, Никола Кљусев, ќе го добие орденот „Свети Никола“, што се доделува на празникот – патрон на Штип. Образложувајќи ја одлуката, градоначалникот Благој Бочварски рече дека овој потег покажува одлучност да се работи на социјалната кохезија, со цел општествен напредок, раст и развој. […]

„Охридско лето“ помеѓу најдобрите фестивали на европската културна сцена

април 19, 2019

Фестивалот „Охридско лето“ е на високото трето место во Европската асоцијација на фестивали (ЕФА). Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ вели дека европските делегати едногласно ја дале поддршката на нашиот фестивал за да биде меѓу најдобрите на европската културна сцена, поради големината на богатата историја на оваа културна манифестација. Претставниците на европските фестивали-членки на Асоцијацијата […]

Германија смета дека Македонија заслужува признание од цела ЕУ

јуни 14, 2018

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Mас на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Берлин рече дека Германија го поддржува договорот постигнат меѓу Македонија и Грција за кој смета дека е решение постигнато со заедничко разбирање кое ќе донесе промена кај граѓаните. Тој рече дека одлуките за ЕУ и НАТО ќе бидат […]

Ристевски за „Шамари“ – кој признава, добива шест месеци условна затворска казна

ноември 30, 2017

Поранешниот советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Ристевски, обвинет за насилствата пред Општината од јуни 2013 година, случај во јавноста познат како „Шамари“, денеска од Кривичниот суд во Скопје беше осуден на шестмесечна условна затворска казна, доколку во наредните две години не стори ново кривично дело. Пресудата денеска ја соопшти судијката Татјана Михајлова, […]

СЈО: Обвинет во „Таргет“ и во „Тврдина“ ја призна вината и доби условна казна

ноември 22, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека едно лице обвинето во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, ја признало вината и дека за него постапката била раздвоена, а во петокот минатата недела била донесена и пресуда. На обвинетиот, чиј идентитет не се соопштува, му била изречена алтернативна мерка – условна осуда за помагање на сторител во извршено кривично […]

Четворицата обвинети го признаа грабежот во НЛБ, но не открија каде се парите

октомври 19, 2017

Четворицата обвинети за милионскиот грабеж во НЛБ, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 го признале кривичното дело, но не откриле што сториле со украдените пари, соопшти Јавното обвинителство. „Тие се изјаснија за виновни, односно дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејства, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на […]

Премиерот Заев доби специјално признание „Европска личност на годината“ во Сараево

јули 6, 2017

Премиерот Зоран Заев на бизнис-манифестацијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017“ во Сараево доби специјално признание – „Европска личност на годината“ и „Носител на позитивни промени во регионот“, соопшти владината прес-служба. Признанието на премиерот Заев му се доделува за неговото „ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, […]

Признание „Пријател на Македонија“ за поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ

декември 1, 2016

Граѓанското здружение „Хрватско-македонска тангента“, вечерва, во 19 часот, во Шибеник, на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, ќе му го врачи признанието „Пријател на Македонија“. Во таа пригода Месиќ ќе одржи предавање за македонско-хрватските културни врски, од Штросмаер и Миладиновци до денес. Поранешните хрватски претседатели Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ, се почесни членови на „Хрватско-македонската тангента“. […]

Сите обвинети во случајот „Ќелија“ ја признаа вината

мај 16, 2016

На денешното рочиште за случајот „Ќелија“, во Основниот суд Скопје 1, уште петмина обвинети ја признаа вината за кривичните дела за кои се обвинети, односно за регрутирање и за учество во паравоени формации во воените жаришта на Блискиот Исток, пренесува „Телма“. Со ова, практично, сите обвинети во овој случај се изјаснија за виновни. На претходното рочиште, […]

Страна 1 од 2