fbpx

Струмица ќе гради спомен-обележје за загинатите пилоти на МВР

-

Општина Струмица в понеделник, на седница на Совет, ќе одреди локација на која треба да се постави спомен-обележје посветено на загинатите пилоти на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, кои животот го загубија во хеликоптерска несреќа минатата година.

Спомен-обележјето е дело на сликарот и вајар Митко Тошев од Струмица.

„Висината на споменикот, заедно со постаментот, ќе изнесува два метра. На споменикот ќе биде претставена последната и најголема херојска мисија на пилотите, спасување на градот Струмица од уште поголема трагедија и катастрофа. На истиот ќе биде претставен хеликоптерот под посебен дијагонален агол на свивање, а на долниот дел од скулптурата ќе биде претставен градот Струмица со својата карактеристика, ридот на Царевите кули, извајано тродимензионално, со еден посебен карактеристичен фрагмент од градот под Царевите кули“, пишува на интернет-страницата на Општина Струмица.

Спомен-обележјето чини еден милион денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...