fbpx

Исламска држава користела хемиско оружје против Курдите во Ирак!?

-

Службите на западните велесили се сомневаат дека милитантите на Исламска држава (ИД) користеле хемиско оружје во нападите против курдските борци на северот на Ирак, јавуваат светските медиуми.

Според германските служби, кај курдските трупи биле забележани симптоми на тешкотии при дишењето веднаш по нападот на ИД во близина на градот Ирбил, на почетокот од овој месец, но не прецизирале за што станува збор, односно што било користено при нападот.

Претставници на службите на САД за локалните медиуми изјавиле дека се верува оти во нападите бил користен иперит (sulfur mustard gas).

Инаку, милитантите на ИД и претходно беа обвинувани дека користат хлорин гас против курдските борци.

„Вол стрит журнал“, пак, цитира извори од американските служби, кои велат дека е можно ИД да го набавила иперитот од Сирија. Сириските власти претходно соопштија дека ги уништиле сите резерви од овој вид хемиско оружје.

Поранешниот ирачки лидер, Садам Хусеин, исто така користеше иперит против Курдите и за време на војната со Иран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...