Поттикнати од вонредната состојба, организацијата „Една може!“ започнува ад хок активности за поддршка на еднородителски семејства во ризик. Преку иницијативата „Заедно во се! – Емпатија, солидарност, споделување“, организацијата ги повикува сите компании да донираат прехранбени, хигиенски, дезифициенски и разновидни добра.

„Овие активности се иницирани низ согледување на мноштвото дојави и барања за поддршка од целната група – самохрани мајки, повеќекратно дискриминирани жени и девојки и жртви на насилство. Помеѓу барањата за поддршка, најбројни беа оние на мајки со деца кои само од нив зависат, а биле дел од неформалниот пазар на труд и/или останале без вработување или извори на финансирање поради новонастанатата пандемична состојба предизвикана од Ковид-19“, соопштуваат од работниот тим на „Една може!“.

Донациите може да се достават на пунктовите во Карпош 1 и Аеродром или преку воспоставување контакт со претставниците на организацијата во секое време на телефонскиот бреој 071 936 497 и електронската адреса: [email protected]
Потоа од огранизацијата, ќе ги доставуваат донаторските пакети до домовите на оние на кои им е најмногу потребна оваа помош.