Имаме добра реализација на препораките од ЕУ за економски мерки и реформи

-

Македонија годинава е меѓу првите земји во регионот во однос на препораките на Европска комисија од Програмата за економски реформи, за периодот од мај 2019 година до јануари 2020 година, кои се однесуваат на реформски мерки за јакнење на финансиската стабилност и креирање на работни места. Тоа е заклучокот од денешниот онлајн, редовен, годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, на кој учествуваа министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Нaродната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Како што соопшти Министерството за финансии, министерката Ангеловска посочила дека е добра реализацијата на реформите во поглед на социјалната заштита, како и спроведувањето на мерката за младинска гаранција, а се преземаат напори за справување со најгорливиот проблем, сивата економија, за која Министерството за финансии изготви акциски план. Станало збор за справувањето со Ковид-19 кризата и се размениле искуства за краткорочните и среднорочните мерки за справување на последиците.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила на успешното остварување на монетарните цели и на брзата реакција на Народна банка за ублажување на ефектите од корона-кризата, која ќе продолжи посветено да работи на спроведување на препораките од Програмата за економски реформи за наредниот период, што овозможуваат побрзо усогласување со европските стандарди.

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот претседател Доналд...

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од...

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на...

Израелски воздушни напади убија над 100 лица во Газа во пресрет на нова рунда мировни преговори

Најмалку 100 лица загинаа во текот на ноќта во воздушни напади извршени од страна на израелските сили врз појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава во неделата. Нападите доаѓаат...

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот...