Илон Маск објави дека „Тесла“ автомобилите ќе може да се купувааат со биткоини

Фото: Craventure Media on Unsplash

Главниот извршен директор на „Тесла“, Илон Маск објави дека со биткоини ќе може да се купат автомобилите „тесла“ во Соединетите Американски Држави.

Маск минатиот месец објави дека купил биткоини во вредност 1,5 милијарди долари, потенцирајќи дека биткоинот наскоро ќе биде прифатен како најпопуларна криптовалута со која ќе може да се плаќа.

На веб-страницата на „Тесла“ се објаснува како клиентите ќе можат да платат со биткоини.

Инаку, електричните автомобили „тесла“ чинат помеѓу 37.990 и 124.000 долари не вклучувајќи ја пресметката на даноците, објави cnbc.com.