fbpx

ИКС: Широка застапеност на антиродови наративи и дезинформации во медиумите

Во анализата на институтот се вели дека најголем дел од извештаите најчесто се сведувале на пренесување на „сервирани информации“ преку пораките и активностите на религиозни и конзервативни организации и поединц

-

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објави анализа со наслов „Родовата еднаквост во време на родови дезинформации“ во која се заклучува дека медиумите овозможиле широка застапеност на антиродовите наративи со што придонеле за ширење родови дезинформации во врска со Предлог-законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.

„Анализата е изработена во периодот од мај до јули оваа година, а ги опфаќа новинарските извештаи за настаните поврзани со Парадата на гордоста (Скопје Прајд 2023) и протестот организиран од Македонската православна црква (МПЦ) и други конзервативни и религиозни организации, кои се одржаа во јуни“, соопшти ИКС, додавајќи оти биле анализирани повеќе од 1.000 онлајн извештаи и 7.000 коментари на новинарските објави на Фејсбук.

Во анализата на институтот се вели дека најголем дел од извештаите најчесто се сведувале на пренесување на „сервирани информации“ преку пораките и активностите на религиозни и конзервативни организации и поединци, а кои содржат дезинформации.

Анализата „Родовата еднаквост во време на родови дезинформации“ е изработена во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...