fbpx

Хан: Визна либерализација за Турција ако се потпише договорот за реадмисија

-

ЕУ би можела да ги укине визите за граѓаните на Турција, а услов за тоа е спогодбата за реадмисија, соопшти еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Еврокомесарот, за време на гостувањето на австриската државната телевизија ОРФ, рече дека визната либерализација со Турција е апсолутно реална во рок од 12 месеци, истакнувајќи дека Анкара мора да го прифати договорот за реадмисија. Тоа би овозможило бегалците што ќе дојдат во Европа да бидат вратени во Турција, објасни Хан, негирајќи дека ЕУ прави отстапки за Анкара поради бегалската криза.

ЕУ, според Хан, нема да замижува пред кршењето на човековите права или конфликтите со Курдите, ниту, пак, ќе одвои повеќе од планираните три милијарди евра за поддршка на бегалците во Турција.

Хан истовремено се заложи за заживување на пристапните преговори со Турција и рече дека тие се единствен инструмент за истакнување на значењето на човековите права. Од тие причини, Хан смета дека најпрво треба да се отвори поглавјето за основните права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...