fbpx

Црна Река исчистена, Пелагонија повеќе не стравува од поплави

-

Пелагонија не стравува од нови поплави пред доаѓањето на пролетта, уверуваат властите од пелагонискиот регион по завршувањето на есенската акција за чистење на коритото на Црна Река. Планот  за чистење на Црна беше насочен само на отстранување на ѓубриштата и на бујната вегетација. Деталното чистење на реката од наносите од земја, мил и од ѓубришта во длабочина од еден и пол метар ќе чека подобри времиња.

Со последната акција се затворени 14 пропусти на Црна Река, кои беа оштетни за време на минатогодишните поплави во Пелагонија.

Од Општина Новаци, која раководеше со акцискиот план за чистење на коритото на реката Црна, поврдуваат дека оваа зима се исчистени повеќе од 30 километри од речното корито, како и поголемите канали што по излевањето на водите направија штети по нивите.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, потврдува дека Црна е исчистена од Прилепско до битолско Мариово.

– Почнувајќи од општина Прилеп, преку Могила, сè до општина Новаци, до Скочивир и до Елешка Река, Црна е исчистена од вегетацијата и од ѓубриштата. Врбите  и скршените гранки правеа вештачки брани и го запираа протекот на водата, по што таа  се излеваше по нивите, но и по населените места. Сега тој дел е саниран. Според временските состојби и успешноста на акцијата, нема простор за ставување од поплави, иако со сигурност не можеме да кажеме кога се работи за природни појави – вели Котевски.

Според него, за чистењето на коритото на Црна се потрошени половина милион евра и 300 тони нафта од државните резерви.

Коритото на Црна детално не е исчистено повеќе од 30 години, на места наликува на мочуриште и на повеќе места нивото на водата е повиско од одводните канали, што е  најчестата причини за излевање на водата и поплавување на земјоделските површини дури и при  помали дождови. Ланската пролет, кога се излеја Црна Река, беа поплавени 17.000 хектари обработливо земјиште, неколку села, а штетата се процени на 7 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...