fbpx

Февруари – месец со пет клучни политички датуми

-

Исполнување на пет рокови ги очекува овој месец политичарите, работните групи и институциите надлежни за спроведување на изборите.

  • На 2 февруари (утре) работните групи треба да одржат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, на која ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали го прифаќа предлогот на СДСМ, опозицијата да ги повлече забелешките од методологијата за прочистување на избирачкиот список ако владејачката партија ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформата во медиумите.
  • Од 15 до 18 февруари се очекува да пристигне еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој ќе треба да провери до каде е спроведувањето на реформите и дали има услови за фер и демократски избори.
  • До 19 февруари ДИК треба да биде обезбедена со персонал и со потребните финансии. Што се однесува до избирачкиот список, мора да бидат завршени првичните вкрстени проверки на сите релевентни бази на податоци за да се добие подобра слика за тоа колку опсежен ќе биде процесот на прочистување, вклучително и теренските проверки. Ова е еден од критериумите што до техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, ги доставија амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
  • На 20 февруари амбасадорите во консултација со локални и со меѓународни експерти ќе оценат дали има услови за кредибилни избори.
  • На 24 февруари, ако сите овие критериуми се исполнети, ќе стапи на сила одлуката што ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ја донесоа за одложено распуштање на Собранието.

Изборите е предвидено да се одржат на 24 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...