fbpx

Итен состанок на СЗО поради вирусот зика

-

Светската здравствена организација денеска ќе одржи итен состанок посветен на сузбивање на вирусот зика, кој се појави во Јужна Америка.

СЗО предупреди дека вирусот, кој го пренесуваат комарците, се шири со голема брзина во Америка и оти во текот на годинава се очекува да бидат инфицирани три до четири милиони лица.

Директорката на СЗО, Маргарет Чен, изјави дека експертите треба да утврдат дали постои врска меѓу ширењето на вирусот и зголемениот број случаи на микроцефалија, аномалија во големината на черепот и на мозокот кај новороденчињата.

Здравствените служби на Колумбија, Бразил, Јамајка и на Порторико веќе ги советуваа жените да избегнуваат да забременат за време на епидемијата на вирусот.

Во Европа и во Северна Америка се регистрирани неколку десетини инфицирани и тоа се претежно лица што престојувале во погодените јужноамерикански земји.

Засега не постои лек ниту вакцина против болеста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поставена биста на Томас Транстромер во седиштето на Струшките вечери на поезијата

Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга и седиштето на меѓународниот поетски фестивал Струшките вечери на поезијата е откриена биста на Томас Транстромер, добитник на Златниот венец на Струшките...