fbpx

Хан со политичките лидери ќе ги решава спорните елементи од Договорот од Пржино

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе се сретне со потписниците на Договорот од Пржино.

Хан прво ќе има билатерални средби со лидерите на партиите, кои, според најавите, би требало да почнат во 10.30 часот, а подоцна во текот на денот е предвидено одржување на лидерска средба, на која еврокомесарот ќе се обиде да се надминат разликите за спроведувањето на спорните елементи од договорот.

Денеска истекува рокот за целосно назначување на техничка влада, која треба да осигури услови за кредибилни избори, закажани за 24 април годинава.

Премиерот Никола Грувевски во синоќешното обраќање до јавноста соопшти дека денеска наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер. Оставката ќе биде активирана 100 дена пред изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.