fbpx

Хан: Претпочитам консензуално решение од сите партии за датумот на избори

-

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во соопштение до јавноста, вели дека претпочита консензуално решение за датумот на изборите од сите политички партии.

„Ја забележав одлуката донесена денеска да се спроведат предвремени парламентарни избори на 24 април, како што е предвидено во Договорот од Пржино. Но, како што наведов претходно, јас претпочитам консензуално решение од сите партии. Сега е критично важно сите политички и институционални фактори во земјата да се погрижат да обезбедат фер избори, во согласност со демократските стандарди. За да се постигне ова, мора да се интензивира итна подготвителна работа, особено во однос на избирачкиот список.

И покрај неуспехот да се најде заеднички договор за датумот на изборите, јас очекувам од сите политички партии да соработуваат на конструктивен начин и да се држат до сите свои обврски според политичкиот договор од јуни, односно јули, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети“, вели Хан во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...