fbpx

Хан ќе ги чека извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и на ДИК за предвремените избори

-

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, денеска во Брисел разговарал со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, за организирањето на предвремените парламентарни избори, итните реформски процеси, спроведувањето на Рамковниот договор и за бегалската криза, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.

– Во однос на предвремените парламентарни избори, намера и желба на Европската комисија е тие да бидат организирани според меѓународните стандарди. За оваа цел, според Хан, ќе се чекаат извештаите за подготвеноста да се организираат изборите на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија – изјави Бесими.

Вицепремиерот истакна дека во следниот извештај на ЕК ќе биде оценето спроведувањето на реформските приоритети и спроведувањето на изборите и оти од тоа ќе зависи перспективата за отворање на преговорите во наредниот период.

Во врска со бегалската криза, како што велат од СЕП, Хан ги поздравил напорите на Македонија во справувањето со бранот беглаци.

– Говоревме и за поддршката што Европската комисија ѝ ја дава на Македонија во овој поглед, како што беше вчерашната одлука за дополнителни 10 милиони евра за Република Македонија за контролата на границата и за регистрацијата на бегалците. Во однос на Рамковниот договор, пак, разговаравме за квалитативната анализа и за тоа што Република Македонија прави понатаму за подобрување на меѓуетничките односи – рече Бесими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...