Гугл отстранува апликации од Play Store кои краделе лозинки од профили на Фејсбук

Photo by Mika Baumeister on Unsplash

Девет апликации од Google Play Store кои имале над 5,8 милиони симнувања од корисниците низ целиот свет краделе лозинки од профили на социјалната мрежа Фејсбук. Компанијата Гугл ги отстранува овие апликации кои направиле прекршувања на приватноста на корисниците на апликациите, измамувајќи ги за да украдат информации од нив, пишува Engadget.

Апликациите ги измамиле корисниците на Фејсбук преку вчитување на вистинската страница за најавување на Фејсбук, по што би вчитале „JavaScript“ од серверот за команди и контрола со цел да ги „киднапираат“ податоците од корисникот и да ги проследат до апликацијата.

Истражувачите открија пет варијанти на малициозен софтвер, но сите го користеле истиот Java Script код и формати на конфигурациската датотека. Од компанијата Гугл веќе соопштија дека ги забраниле овие апликации кои „крадат“ приватни податоци од корисниците.