fbpx

Груевски од Охрид: Одиме на голема победа, одиме на 63 пратеници

-

„Сега му е мајката да им покажеме што е Македонија! Одиме на голема победа, одиме на 63 пратеници!“, им се обрати вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на повеќе десетици илјади присутни на градскиот плоштад Свети Климент Охридски во Охрид.

Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со партиската традиција, изборната кампања ја почна од овој град кој во последниве шест изборни циклуси им носи победа на изборите.

Покрај што упати низа критики кон опозицијата, СДСМ и кон Зоран Заев, Груевски најмногу говореше за новата програма, која, како што рече, на 500 страници дава рокови и обврски. Тој најави 600 нови милиони евра за субвенции за земјоделците, креирање на 70.000 нови работни места, нови мерки за рестартирање на индустриските капацитети, намалување на невработеноста на 17 проценти.

За Коалицијата за подобра Македонија и понатаму во фокусот ќе бидат пензионерите, кои ќе добијат зголемување на месечниот приход од 10, 5 проценти, додека најниската плата ќе се дефинира на 14.000 денари.

Груевски најави нови инвестиции, завршување на три автопати кои се во завршна фаза, како и почнување на уште три нови.

Поради големиот број автобуси и други возила, Охрид попладнево и вечерва беше под целосна окупација од членовите и од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, што создаде долги колони, нервоза, тешкотии во нормалното регулирање на сообраќајот.

Поголемиот број од присутните на митингот допатуваа од сите краишта на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.