fbpx

Грција испраќа две пратки со помош за поплавените подрачја во Скопје

-

Првата пратка помош од Грција за подрачјата погодени од поплавите во Скопје и околината треба да пристигне попладнево, соопштија од Канцеларијата за врски на Грција во Скопје.

Оттаму прецизираат дека генералниот секретаријат за цивилна заштита во соработка со грчката противпожарна бригада во земјава испраќаат пет преносни пумпи за вода и пет генератори за струја како помош за погодените од поплавите.

Истовремено, додаваат од грчката канцеларија за врски, во тек се консултации меѓу Министерството за цивилна заштита на Грција и Министерството за внатрешни работи на Македонија за доделување на дополнителна помош што им е потребна на властите во земјава за справувње со последиците од поплавите.

„Втората пратка со помош од Грција е предвидено да биде испратена утре“, стои во соопштението од грчката канцеларија за врски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...