Собрани 546.723 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 20.987.497 денари или 341.260 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.636.000 денари или 205.463 евра, или вкупно 546.723 евра.

Во текот на изминатите денови, тимовите на Црвениот крст дистрибуирале:

14.080 пакети со храна (еден пакет е за 4 лица)
12.000 дневни оброци
5.600 топли оброци
3.369 литри млеко
4.172 литри јогурт
1.343 пакети со хигиена
95,5 тони вода
405 пакети пелени
496 душеци
1.758 кебиња
600 килограми облека
286 парчиња чизми
252 литри дезинтал

Екипите на Црвениот крст во текот на денешниот ден доставиле камион со помош во храна и хигиена за поплавените во тетовскиот регион, во селата Шипковица и Бродец.