fbpx

Грција ги заострува условите за барателите на азил

-

Грција го менува ставот кон бегалците што бараат азил во земјата. Бегалците или мигрантите на кои ќе им биде одбиено барањето за азил, доколку не прифатат доброволно да си заминат од Грција, ќе го изгубат правото за доброволно враќање.

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, најави дека откако на бегалците ќе им се одбие барањето за азил, ќе имаат две можности. Едната е во рок од пет дена да се пријават за доброволно да се вратат во родната земја или, пак, да одлучат да се жалат на одлуката за азил, во кој случај ќе го изгубат правото за доброволно враќање во матичните држави. Оваа одлука, според Музалас, е донесена за да се стопира злоупотребата на можноста за аплицирање за азил во Грција и со тоа да се одолговлекува враќањето на одбиените во нивните матични земји.

– Нашата цел е да им помогнеме на бегалците, односно на оние кои ги имаат правните документи за да добијат азил – изјави Музалас.

Илјадници бегалци и мигранти во Грција имаат поднесено барања за азил како начин да останат во земјата и да не бидат вратени во Турција, а потоа и во нивната матична држава.

Изминатото лето имаше повеќе од 13.000 барања за азил, во одредени моменти сите луѓе што беа на грчките острови поднесуваа барања за азил како единствен начин да останат во ЕУ-држава, бидејќи со договорот меѓу Брисел и Турција сите мигранти дојдени во Грција по 20 март 2016 година треба да бидат вратени во Турција.

Во последниве денови, на островите повторно пристигнаа неколку стотици бегалци и мигранти. Вчера на Хиос и на Лезбос пристигнале 176 нови бегалци.

На грчките острови има повеќе од 14.000 луѓе, а низ целата земја, според официјалните бројки, речиси 63.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...