Грета ја исмејуваа и навредуваа откако повика на акција против климатските промени

16-годишната Грета Тунберг од Шведска од неодамна стана лицето на борбата против климатските промени. На 23 септември таа одржа говор на Климатскиот самит на Обединетите нации во Њујорк. Нејзиниот емотивен говор во кој таа ги повика лидерите на светот да превземат акции кон спречувањето на климатските промени, го подели светот.

Од една страна зад неа застанаа голем број поддржувачи на ова движење, но од друга страна таа наиде на многу остри критики и навреди од голем број политичари, политички критичари и новинари.

“Ретардирано дете“ и “хистерична тинејџерка“ се само дел од нападите кои беа упатени на нејзина сметка.

Американскиот претседател Доналд Трамп со исмевање сподели видео од говорот на Грета пропратено со зборовите “Таа изгледа како многу среќно младо девојче, кое го очекува светла и прекрасна иднина. Колку е убаво да се види вакво нешто“

Сепак највиралното видео од овој самит е она од прекорувачкиот поглед на Грета кон Доналд Трамп кој се појави на самитот, незаинтересирано разгледал наоколу и си заминал само после 10-тина минути.