fbpx

Грчките трговци и угостители се молат за итен договор со ЕУ

-

Грчките трговци и туристички работници се надеваат и се молат владата што поскоро да постигне договор со европските кредитори. Изминатите 10 дена грчките трговци имаат 70 отсто пад во профитот, а грчките хотелиери околу 30 отсто пад во бројот на гости. Затворените банки го пресушуваат пазарот, паничното масовно купување на храна и на хигиенски предмети, како и лекови полека почнува да создава дупки на пазарот, кои, како што изминуваат деновите, сè потешко може да се покријат поради недостигот од готовина. Банките нема да отворат до понеделник, а се стравува дека без нова финансиска помош нивните резерви бргу ќе завршат.

Најлукративната грчка економска гранка, туризмот, е на силен удар. Одморите на Грците и дома и во странство се одложуваат, а почнуваат да откажуваат и дел од странските туристи. Првиот човек на комората на хотелиери на Халкидики, Григорис Тасисос, коментира дека постои голема вознемиреност, но се обидуваат смирено да се соочат со ситуацијата.

– Имаме пад за 35 отсто на туристичката посетеност на Халкидики. Во овој момент немаме проблеми со плаќање или во готовина или со кредитни картички. Почнуваат мали откажувања на одморите, главно од туристи од Западна Европа, кои ги договараат аранжманите преку интернет. Грците ги откажуваат аранжманите за крајот на јули и за август бидејќи не знаат како ќе ги платат – вели Тасиос.

Што се однесува до туристи од Балканот, не е забележан намален број на туристи, ниту откажување на аранжманите.

Тасиос коментира дека засега Халидики нема никакви проблеми со снабдување горива, а за снабдувањето и доволни резерви на бензин уверуваат и од грчката рафинерија и од министерството за економија, тврдејќи дека нема да се појават вакви проблеми на пазарот.

Сепак, Тасиос забележува дека ако не отворат банките, ќе стане тешко и за хотелите и за продавниците да ги дополнат резервите со храна.

Ситуацијата е драматична и на пазарите и во бутиците. Главната трговска улица во Атина, Ерму, е речиси празна. Никој не влегува, никој не купува бидејќи народот е во неизвесност дали од понеделник државата воопшто ќе биде во еврозоната. Трговците и вработените во помалите бутици каде главно се плаќа со готовина, велат дека пазарот една недела е целосно умртвен.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...