Од ДУИ за вчерашната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека преговорите се неуспешни, велат дека еднострано решение за кризата нема. ДУИ ги повикува политичките партии да ги надминат партиските интереси и да направат компромис кој ќе биде за доброто на државата и на граѓаните.
„Еднострано решение за кризата нема. Преговори кои ќе го имаат како основа договорот од 2 јуни е единственото излезно решение за кризата. Оттука, уште еднаш ги повикуваме политичките партии да се издигнат над теснопартиските интереси и да ги надминат разликите за отворање на патот за приоритетните прашања“, велат од ДУИ.