fbpx

Граѓаните се жалат на неисчистен снег на автопатот Скопје – Велес, „Македонија-пат“ работи на терен

-

Граѓани од Велес кои утрово патувале на работа во Скопје се жалат дека автопатот Скопје-Велес е неисчистен од снегот којшто засилено врне утрово. На патот има кашест снег и вода, која го прави ризично сообраќањето на оваа автопатска делница. Како горлива точка, граѓаните го споменуваат делот од патот кај тунелот во близина на Катланово на делницата Велес-Скопје. Возачите бараат од „Македонија-пат“ да излезе на терен, бидејќи тие тврдат дека не виделе никаква екипа на терен.

Од диспечерската служба на „Македонија-пат“ за „Мета.мк“ информираат дека нивните екипи се излезени на терен уште утрово, фрлена е сол и се работи со 2 до 3 камиони на делницата. На автопатот меѓу двата града се вози по една коловозна лента, но нема забрани за движење за возилата. Од ова јавно претпријатие посочуваат дека се редуцирани со луѓе и камиони на терен поради фактот што зимската сезона веќе е завршена.

Од „Македонија-пат“ ги информираат граѓаните дека автопатската делница Скопје-Велес-Скопје ќе продолжат да ја чистат во текот на денов, бидејќи снежните врнежи се очекува да траат и наредните часови. На автопатот во моментов има остатоци од кашест снег, така што е важно возачите да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

Покрај отежнатото движење на автопатот Скопје-Велес, априлскиот снег што падна утрово направи проблеми и во движењето на други патни правци. Од „Македонија-пат“ информираат дека во 6.40 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар, додека идентична забрана од 6 часот има и за планинскиот превој Стража.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...