fbpx

Голем пожар во Франција, загина еден пожарникар

-

Повеќе од 3.000 туристи се евакуирани од четири кампови на југот на Франција поради пожар, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека еден пожарникар загинал.

Силниот ветер дополнително го разгорува огнот и го проширува пожарот кој изби во близина на местото Тореја, во округот Пирене-Оријентал, каде престојуваат повеќе илјади туристи.

Во пожарот досега изгореа 22 бунгалови, соопшти противпожарната служба.

Пожарникар кој патувал на местото на пожарот изгубил контрола над возилото поради дефект на моторот, при што загинал на местото на несреќата.
Тројца пожарникари кои се наоѓале во истото возило се хоспитализирани и се наоѓаат во критична состојба.

Уште 17 пожарникари примиле медицинска помош поради вдишување чад, а двајца се повредени кога при гасењето експлодирала плинска боца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...