fbpx

Глоби до 10.000 евра во новиот закон за спречување и заштита од дискриминација

-

Владата до Собранието го испрати новиот предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација, кој што има за цел подобрување на законската регулатива и нејзино усогласување со правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација.

„Со новиот текст на законот се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на законот. Во новиот текст на законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита“, пишува во обрaзложението на предлог-законот.

Во него се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Со предлог-законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Се предвидува новата регулатива да се применува на сите државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, правни лица со јавни овластувања и сите други правни и физички лица.

Во новото законско решение се предвидуваат глоби до 10.000 евра за правни лица за кое е утврдено од надлежен орган дека извршило дискриминација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...