fbpx

Филипче на настанот „Напред розово“: Има терапија за сите пациенти со онколошка дијагноза

-

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на 12. розова прошетка наречена „Напред розово“ во организација на Здружението „Борка – За секој нов ден“ порача дека денеска, кога се одбележуваат и три години од одличната соработка на Министерството за здравство со Здружението Борка, во земјава веќе има терапија за сите пациенти со онколошки, односно малигни заболувања.

– Во изминатите 3 години, значајно се зголеми бројот на биолошки лекови, најмодерна терапија за овие пациенти. До пред 3 години огромен број од нив се праќаа во странство да ја добијат оваа терапија, а сега нема пациент којшто има некаква онколошка дијагноза, а за кој нема терапија во нашата земја. За пациентките со карцином на дојка има и прволиниска и второлиниска терапија. Со фондот работевме на тоа да се зголеми и пристапот кон ортопедските помагала, така да сега има и градник. Во периодот којшто доаѓа ќе работиме на тоа да се обезбеди и соодветната ракавица. Сакам да им честитам на енергијата со којашто се вложуваат во оваа работа, тие коишто ја преживеале оваа малигна болест се секогаш на располагање да споделат искуство и да ги поддржат и другите пациенти и пациентки коишто во овој момент имаат проблем – потенцираше министерот за здравство.

Во присуство на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, министерот Филипче се заблагодари на континуираната поддршка од Амбасадата на САД и лично на амбасадорката Брнз, потенцирајќи дека од почетокот на оваа криза таа беа едни од првите амбасади коишто дадоа помош на Министерството за здравство.

Борка за првпат е една од полноправните членови на „Think pink“, најголемата европска организација. Денеска во 11:00 часот 33 земји имаа заеднички, синхронизирани настани по повод одбележувањето на месецот октомври како месец и подигнување на свеста за борба против ракот на дојка.

– Навистина сме среќни што успеавме и ние во Борка да го децентирализираме настанот. Во исто време Борките прават настани во 14 останати градови низ нашата земја и навистина сме среќни што можеме повторно да потенцираме дека ковид не смее да претставува проблем за да се запрат дијагностичките процедури за да се запре квалитетните услуги кои граѓаните треба да ги добијат, особено оние кои се најпогодени – пациентите со рак – рече претседателката на Здружението, Биба Додева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...