fbpx

Бројот на нови случаи на ковид-19 во благ пораст од вчера, при помалку тестирања

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19, што е за седум случаи повеќе од вчера, кога беа пријавени 1.559 тестирања. Најновиот биланс на починати изнесува три лица.

Од најновите случаи на ковид-19 регистрирани во последново деноноќие, од Скопје се 50, Куманово – 4, Дебар – 2, Штип – 2, Прилеп – 9, Тетово – 11, Велес – 2, Битола – 6, Кавадарци – 6, Гостивар – 3, Гевгелија – 1, Струмица – 6, Крива Паланка – 3, Радовиш – 1, Кочани – 18, Валандово 1, Свети Николе – 6, Кичево – 5 и Неготино – 1.

Навистина голем број нови случаи е забележан во еден од најмалите градови во земјава – Берово, каде во последното деноноќие се забележани 11 нови пациенти со ковид-19. Со ова, градот досега ја надмина бројката од 100, односно има вкупно 102 регистрирани случаи, што е над двојно повеќе од соседно Пехчево, каде се регистрирани 43 случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје – 15, Куманово – 5, Штип – 6, Прилеп – 3, Тетово – 3, Струга – 2, Велес – 1, Битола – 4, Охрид – 5, Кавадарци – 1, Гостивар – 6, Струмица – 4, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Кочани – 6.

Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62 г.), Кочани (87 г.) и Гостивар (64 г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...