понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: глоби | 12 резултати

Бугарски медиум ги „помеша брзините“ – Македонија не ги зголеми сообраќајните казни

јануари 9, 2020

Пишувајќи за зголемувањето на сообраќајните казни во Бугарија, кое треба да се случи на 21 јануари, бугарската агенција „Блиц“, во рубриката за автомобилизам, пласираше една дезинформација за Македонија. Имено, изнесувајќи ги износите за новите сообраќајни казни што ќе се изрекуваат во Бугарија за неполни две седмици, „Блиц“ пишува дека казните во текот на летото се […]

ДКСК ќе ги глоби функционерите кои нема да и достават податоци за избраните и именувани лица

септември 27, 2019

Глоба од 300 до 500 евра им се заканува на одговорните лица во државните институции кои на Државната комисија за спречување на корупцијата нема да и достават податоци за избрани и именувани лица, за кои се надлежни. По неколку неуспешни обиди да ги поттикне институциите да и достават податоци неопходни за регистарот на избрани и […]

Со помали глоби „поуспешно“ против корупцијата

јануари 21, 2019

Целосно новиот главен антикорупциски закон, и покрај значителните измени на подобро во однос на досегашниот, е со вградени фалинки добиени при последната амандманска расправа, особено во делот политички партии и незаконско финансирање. Зачудува и генерално намалената прекршочна политика, со значително помали суми за прекршоци од овој закон, пишува „Вистиномер“. Собранието на Република Македонија на 17.01.2019 […]

Во буџетот се предвидени повеќе приходи од глоби, а се најавува намалување на казните

декември 4, 2018

Во предлог-буџетот за 2019 година се предвидува од глоби, судски и административни такси за граѓаните и компаниите во државната каса да се слеат 2.092.032.000 денари или 34 милиони евра, што е зголемување во однос на годинава кога во буџетот за оваа ставка биле предвидени 2.000.000.000 денари или 32,5 милиони евра. Владата проектира зголемување на овие […]

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

ноември 20, 2017

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да се саморегулираат, оти таа не треба да биде авторот на реформите на медиумите, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната дебата за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која Владата ја организираше како продолжение на досегашната […]

Според КЗ: Затвор од најмалку 4 години и високи глоби за затајување данок

март 23, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори четири нови истраги – „Табла“, „Тристa“, „Тотал“ и „Тифани“, од кои во последните две, осомничените физички лица се товарат за кривичното дело затајување данок. Според Кривичниот законик (КЗ) за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години и парична казна, а ако затаениот износ е значителен, […]

Ако не сте добиле К15, пријавете во Државниот инспекторат за труд!

јануари 2, 2015

Два дена поминаа по рокот до кога приватните компании имаа обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Некои К15 исплатиле во текот на минатата година, но многумина чекаа да чукне и последниот час од годината. Имаше и такви фирми кои им ја намалуваа платата на вработените за декември, за да им […]

Уште оваа сезона казни од 15 евра за неносење зимска опрема, догодина двојно

ноември 17, 2014

Од изминатиот викенд, граѓаните мораат задолжително да носат зимска опрема во својот автомобил и  да имаат зимски гуми, во спротивно можат да заработат казна од 15 евра. Уште оваа сезона грѓаните ќе можат да се извлечат само со 15 евра глоба за неносење зимска опрема, затоа што со усвојувањето на новиот Закон за безбедност  на […]

Страна 1 од 1