fbpx

Инспекторите ќе може на лице место да ги затвораат правните субјекти и да изречат казна до 30.000 евра

-

Со нови законски измени, отсега државните инспектори ќе може на лице место да изрекуваат решение за забрана на работа на правен субјект од 10 до 30 дена или пак да изречат парична казна доколку истиот не ги почитува протоколите за заштита од ковид-19. Ова го најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.

„На вчерашната владина седница ги усвоивме законските измени за заштита на население од заразни болести, кои беа предложени од Инспекцискиот совет со кои сите инспекциски служби добиваат нови поголеми овластувања за справување со прекршителите на протоколите. Со новите законски измени со изрекување забрана за работа и прекршочен платен налог добиваат и Државниот пазарен инспекторат, инспекторатот за труд, инспекторатот за транспорт, како и сите други инспекторати на централно и локално ниво“ појасни вицепремиерот, додавајќи дека досега само Државниот санитарен и здравствен инспекторат можел да изрекува мерки, а другите инспекторати можеа да поднесуваат кривични пријави за непочитување на протоколите.

Како што истакна Николовски, инспекторите ќе имаат овластување да изречат привремена забрана за работа на правниот субјект од 10 до 30 дена.

На денешната прес-конференција се обрати и директорката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, која рече дека со оглед на зголемувањето на бројот на заразени со ковид-19, а воедно и непочитувањето на протоколите од страна на правните субјекти, се зголемува потребата да се зголемат овластувањата на инспекторите, но и глобите за прекршителите.

„Со новите законски измени предвидено во зависност од големината на претпријатијата, ќе се регулираат и глобите за прекршителите. Па така, за микро претпријатие казната ќе биде од 2.500 до 3.000 евра. За мало од 5.500 – 6.000 евра, за средно 17.500 – 18.000 евра и за големо претпријатие од 25.000 – 30.000 евра“ појасни Грашкоска.

Како што додаде таа, предвидени се и глоби за одговорното лице за правниот субјект од 1.500 евра, глоба од 750 за трговец поединец, и 250 евра за физичкото лице.

Грашкоска потенцираше дека изречената мерка за забрана за работа од 10 до 30 дена, ќе важи во истиот момент, а жалбата против решението со кое ќе се изрече забрана за работа, нема да го одлага неговото извршување.

Претседателката на Инспекцискиот совет рече дека очекува законските измени да бидат изгласани што поскоро за да можат инспекторите да се справат со непочитувањето на мерките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...