Со денешниот онлајн настан закажан за 11 часот, почнува серијата претставувања на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019г. до јуни 2020 година.
Проектот „Кри Тинк“ го спроведуваат Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк, кои преку малите грантови поддржаа проекти за јавна едукација за медиумска писменост и критичко мислење на голем број организации и медиуми од сите плански региони во земјава.
На денешниот настан, кој е јавен, и може да се следи директно преку Зум (Meeting ID: 93271046917 и Passcode: 858580), или преку Фејсбук, во рамките на настанот, своите проекти ќе ги претстават Рома Прогрес, Здружение „Центар за аудиовизуелни уметности“, Контрапункт, Диверзити Медиа, МИЕС и КриејтивЕјт, од Скопскиот и Североисточниот регион.
Во првиот дел преку кратки презентации грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата и искуствата од спроведување на проектите за јавна едукација за медиумска писменост и критичко мислење, по што ќе следува дискусија со учесниците за идентификуваните потреби на локално ниво, како и можностите за соработка со сите релевантни чинители и институции.
Вториот настан од серијата онлајн-претставувања ќе почне утре во 11 часот.
Целосниот распоред за настаните може да се погледне на овој линк.