fbpx

Ѓоковиќ по сѐ изгледа ќе го пропушти УС Опен, САД тешко дека ќе ги кренат ограничувањата до понеделник

-

Новак Ѓоковиќ по сѐ изгледа не ќе може да се натпреварува на Гренд Слем тенискиот турнир, УС Опен, кој почнува следниот понеделник и ќе трае две седмици. Ѓоковиќ, како еден од најдобрите светски рекети и понатаму е одлучен да не се вакцинира против ковид-19, јавуваат светските агенции.

Организаторот на еден од најпрестижните тениски турнири соопшти дека нема да бара потврда за вакцинација при проверка на билетите, но проблемот не лежи во самиот турнир, туку во заштитните мерки кои се на сила во САД.

УС Опен потсети дека според претседателската уредба и придружната наредба на Центарот за контрола на болестите на САД (CDC) секој странски државјанин што сака да влезе во САД, мора целосно да биде вакциниран против ковид-19, со некои од признатите вакцини.

Ѓоковиќ по победата на Вимблдон минатиот месец, неговата 21. Гренд Слем титула, кажа дека не планира да се вакцинира и дека единствената добра вест што би можел да ја добие е властите на САД да ја отстранат обврската за вакцинација за да влезе во САД или пак да биде воведен исклучок за него.

На крајот на јули српскиот тенисер на своите социјални профили напиша дека се подготува како да ќе му биде дозволено да се натпреварува, додека чека да види дали има некаква опција сепак да отпатува во САД.

 


Обожавателите на Ѓоковиќ се понадеваа дека сепак на нивниот миленик ќе му биде дозволено да допатува во Њујорк, поради изменетите правила што ЦДЦ ги објави на 11 август. Според новите правила, не е потребно социјално дистанцирање и карантински мерки за ковид-19 и се избришаа разликите во третманот на вакцинираните или невакцинираните, пишува „Спортико“.

ЦДЦ рече дека ќе бидат усогласени посебните правилници со новите насоки во „следните седмици“ но малкумина очекуваат Министерството за внатрешна безбедност (Department of Homeland Security) да ги измени ограничувањата воведени на 21 април годинава со кои забранува влез на не-државјани на САД на територијата на земјата без да бидат вакцинирани. Тие ограничувања беа воведени според препораките од ЦДЦ.

Токму ова сојузно министерство е највисокиот фактор и ако тоа не ги измени правилата до понеделник, кога почнува УС Опен, за Ѓоковиќ изгледа ќе има своевидна „реприза“ на случувањата од јануари годинава, кога му беше поништена специјалната медицинска виза за Австралија пред да почне Аустралиан Опен. Сепак, тој подоцна играше на Ролан Гарос во Франција и на Вимблдон во Велика Британија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...